Немате ставки во вашата кошничка.
При купување преку нашата онлајн продавница нудиме 3 начини на плаќање
Овој начин на плаќање е достапен само доколку доставате се врши преку курирска служба/брза пошта. Купувачот е должен да ја провери робата и секое оштетување веднаш да го пријави на курирската служба. Робата која се доставува со возило на ЕНМОН немоѓе да се плати при достава.
Ценовник на курирската служба/брза пошта
Тежина на пратка Цена за достава
0,35 - 10 кг ?
10 - 30 кг ?
30 - 100 кг ?
до 400 кг ?
400 - 800 кг ?
Доколку го одберете овој начин на плаќање, откако ќе ја направите Вашата нарачка, ќе Ве контактира нашиот тим за онлајн продажба. На Важата е-адреса ќе добиете про-фактура за нарачката. На истата ќе бидат наведени банкарските сметки на кои можете да ја извршите уплатата за Вашата нарачка. При плаќањето задолжително да го наведете бројот на про-фактурата во полето повикување на број за полесна идентификација на Вашата уплата. Наша препорака е откако ќе го извршите плаќањето да го известите нашиот тим за онлајн продажба, на истата е-адреса од кој сте ја добиле про-фактурата.
Можете да извршите и онлајн плаќање користејќи платежна картица. При плаќањето со платежна картица на Вашата сметка ќе бидат блокирани средства во износ еднаков на износот на Вашата нарачка. За секоја успешно извршена нарачка на вашата е-адреса ќе пристигне порака за потврда и про-фактура. Трансакцијата се извршува пред достава на робата. Отакако трансакцијата ќе биде завршена робата ќе биде доставена на назначената адреса.
Поврат на средства:
Во случај на поврат на средства, делумно или во целост, кои купувачот ги платил преку платежна картица, без разлика која е причината за поврат, ЕНМОН е должен повратот на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, Maestro или MasterCard начините на плаќање. Банката на барање на продавачот ќе го изврши повратот на средствата на сметката на купувачот.
Изјава за конверзија:
Сите плаќања ќе бидат реализирани во локална валута Македонски денар. За информативен приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народна банка на Р.Македонија. Износот со кој ќе биде задолжена Вашата сметка ќе биде изразен во Вашата локална валута преку конверзија според курсот кој го користат платежните компании. Тој курс во моментот на транскација за нас е непознат. Резултат на ова може да биде незначителна разлика помеѓу наплатената цена и цената прикажана на нашиот сајт. Однапред Ви благодариме на разбирањето.
Пријавете се за нашиот билтен
Повеќе за обработката на внесените податоци можете да видите на страницата Политика за приватностCopyright © 2024 ENMON.MKD. Сите права задржани.
Следете не