Немате ставки во вашата кошничка.
Имате идеја за изглед на Вашиот објект која бара посебно обликување на материјалите? Сакате илустрации или фотографии изработени на плочките прилагодени на Вашиот простор? Не е проблем, Waterjet технологијата ги решава овие работи.
Waterjet е најнова генерација на производи базирана на најсовремени технологии. Овој систем се состои од зголемувачи на притисок, тродимензионална CNC машина, алатки и помошен компјутерски CAD-CAM систем. Waterjet машината може да ја компримира водата со притисок до 300 MPa. Тогаш водениот млаз има брзина од 800 – 1000 m/s кој поминува преку дијамантска млазница со пречник на отворот од 0,26mm. Таквиот воден млаз со мал додаток на песок може да сече различни видови на материјали (керамика, стакло, камен, челик, алуминиум, пластика, гума).
Waterjet е специјално погоден за сечење на комплицирани контури. Машина за заоблување и полирање на ивици (машина за изработка на газишта и батископи).
Машината за континуирано сечење на керамика и гранит сече со помош на дијамантски дискови и вода која служи за ладење. Машината може да вдлабнува и сече праволиниски геометриски облици на гранитна керамика.
Машината користи дијамантски ножеви и 14 глави за полирање. Со ваквата постапка за изработка на предмети од различни материјали како што се гранитната керамика или мермер се добиваат батископи и газишта со врвен квалитет.
За повеќе информации и конкретни барања може да ни се обратите по e-mail: s.rajkovic@enmongroup.com.
Пријавете се за нашиот билтен
Повеќе за обработката на внесените податоци можете да видите на страницата Политика за приватностCopyright © 2024 ENMON.MKD. Сите права задржани.
Следете не