Web shop - Продавница
    Menu Close

    Совети за инсталација и монтажа

    Се што набавивте создава добро чувство, но работата сеуште не е завршена. Ова е фаза на реализација на ВАШАТА НОВА БАЊА која зависи од факторите реализација на инсталацијата и вградувањето и која во значителна мерка придонесува за успех на Вашиот проект. Многу е важно да изберете квалификувани и искусни мајстори, бидејќи процесот на вградување на водоводни инсталации, вградување на плочки и поставувањето на санитарија и другата опрема за бањи е многу комплексна.

    На следните работи треба да посветите посебно внимание:

    ИЗБОР НА МАТЕРИЈАЛИ

    „Секој лепак ќе залепи, но прашање е колку лепакот ќе држи“ е една од познатите изјави на добрите мајстори.
    Поголем дел од мајсторите малите нерамнини на подот и ѕидовите ги надминуваат со нанесување на поголем слој од лепак. СЕПАК, тоа не е основната функција на лепакот за керамика. Доколку слојот што треба да се нанесе е поголем од 1 cm, наш совет е да се примени маса за израмнување (нивелирање) на подови, а кај ѕидовите да се нанесе машински малтер.

    Доколку е потребна МАСА ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ НА ПОДОВИ, важно е дали Вие или мајсторот ќе ја одбере масата која има поголема флексибилност и брзина на сушење (означени на пакувањето). Стандардното време на сушење на сите цементни производи е 28 дена! Сепак, технолошките иновации овозможуваат овој процес делумно да се забрза за да можете по 5 – 7 дена да продолжите со поставување.
    Следниот чекор е хидроизолација. „Водата да го најде патот“, односно многу е важно да се избегне компликација ако водата го најде својот пат преку ќошињата или недоволно пополнетите фуги. Хирдоизолациските премази се подготвуваат адекватно само на вертикалните површини. Тие создаваат микрофилм („фолија“) кога се нанесуваат и добро го спречуваат поминувањето на водата. На хоризонталните површини, поради налегнување на зградата и нејзино поместување кои постојано се случуваат, не се добро решение бидејќи како и секој танок слој, настанува негово напукнување. На подните површини се применува (советот е и за ѕидните) хидроизолациски малтер (на цементно-полимерна основа) кои создаваат слој од неколку милиметри кој е флексибилен и спречува напукнување во случај на налегнување или поместување на тлото. ВАЖЕН дел од секоја хидроизолација се ивиците, дилатациите и хидроизоациските траки и агли.

    Кога се избира лепак за керамика и маса за фугирање, важно е да знаете дека на нивните пакувања има јасни ознаки и на тој начин (без разлика на брендот) можете да знаете што купувате: 
    Лепак за внатрешно вградување на подни и ѕидни впивливи плочки со мали димензии (C1)
    Лепак за надворешно и внатрешно вградување на подни и ѕидни плочки со мала впивливост и средни димензии (C2)
    Лепак за надворешно и внатрешно вградување на подни и ѕидни плочки кои не впиваат вода со големи димензии (C2 S1)
    Маса за фугирање за надворешни и внатрешни подни и ѕидни плочки (CG2)
    И кај изборот на останатите материјали (силикон, одвод, цевки и сл.) важно е да ги проверите карактеристиките и да добиете препорака врз основа на конкретните потреби кои ги имате.

    ИЗМЕНИ „НА ЛИЦЕ МЕСТО“

    Иако се ќе се испланира, се случува нешто да не се вклопува. Ова се чест случај, но важно е импулсивно да не донесувате одлуки за промени. Побарајте аргументи и опции и секогаш размислувајте како таа промена ќе влијае на конечниот изглед и функционалност на просторот.

    „НАДГЛЕДУВАЊЕ“ НА ВГРАДУВАЊЕТО

    Секогаш стои отворено прашањето дали треба да ги оставите мајсторите сами да работат или да го надгледувате изведувањето. Воглавно, мајсторите не сакаат да бидат надгледувани. Но, со надгледувањето Вие можете да бидете помирни, бидејќи сте направиле се што е до вас за да не дојде до проблеми.

    И на крај, многу важен совет е веднаш штом е можно да тестирате како е извршено вградувањето. Тоа е конечна потврда за функционалноста на се што е вградено и добро е да го проверите додека се присутни мајсторите.