Web shop - Продавница
    Menu Close

    Плочки

    Нашата понуда вклучува различни видови плочки добиени од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете ја палетата на најквалитетната италијанска, шпанска, српска и турска керамика. Кои и да ги одберете, сите имаат врвен квалитет.

     

    Подни плочки

    Подните плочки се идеални за внатрешна и надворешна употреба. Во зависност од видот на плочката, тие се карактеризираат со различни степени на отпорност на абење, лизгање, мраз и ниски температури. Посебно се популарни подните плочки чиј дизајн е имитација на дрво и мермер, но има и такви кои имаат дизајн на цемент, камен, рустика, но и монохроматски или модерен дизајн.

     

    Ѕидни плочки

    Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорирање на ѕидовите во кујната, бањата, дневната соба, ходникот и другите простории. Тие создаваат дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија и затоа се практичен и истовремено се естетски привлечен избор. Ѕидните плочки не можат да се постават на подот, но веќе вообичаена практика е да се користат подни плочки на ѕидот. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на производство, бидејќи подните плочки се направени од таков материјал со кој ќе се овозможи да бидат поиздржливи поради секојдневното движење по нив.

     

    Плочки со голем формат

    Плочките со голем формат се особено популарни од неодамна. Достапни се во различни големини и се универзални: можат да се наместат во бања, кујна, дневна соба, ходник, како и во комерцијални објекти како хотелски лоби, кафулиња и ресторани. Колку е поголема плочката, толку побрзо се поставува и потребно е помалку фугирање за разлика од помалите плочки. Исто така, внесуваат чувство на просторност во просторијата, а како уште една дополнителна предност – полесни се за чистење и одржување.

     

    Мозаик плочки

    Мозаик плочките често се користат со монохроматски ѕидни плочки со цел да се нагласи просторот и да се разбие монотонијата. Можноста за нивно комбинирање е неограничена. Без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие целосно го трансформираат просторот. Поради малите димензии, мозаик плочките се погодни за покривање на криви или неправилни површини. Исто така, тие се отпорни на влага, дамки, абење и затоа често се користат во кујни, бањи, туш кабини и базени.

     

    Декоративни плочки

    Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки доаѓаат во различни бои, дезени и текстури што ви овозможува да истакнете одредени површини од вашиот дом или деловен простор.

     

    Бордури (листели)

    Бордурите се тесни плочки кои се користат за создавање повпечатлива површина или за нејзина декорација. Тие се одличен начин за одвојување или поврзување на различни делови од просторот кој треба да има плочки, без разлика дали е тоа ѕидот или е подот. Бордурите го создаваат крајното чувство на секој дизајн, овозможувајќи по елегантен и комплетен изглед на секој ѕид или под.

    Ucitavanje
    Подреди по
    Nord Ash 30x60
    Nord Ash 30x60
    Nord Birch 30x60
    Nord Maple 30x60
    Kai Nord Maple K 30x60
    Nord Nut 30x60
    Nord Oak 30x60
    Novara Beige 33x33
    Novara Freddo 33x33
    Onyx Beige KK 25x75

    Onyx Beige KK 25x75

    Tražiš pločice koje kombinuju prirodan izgled i toplinu? Ove pločice u bež tonovima su pravi izbor za tvoj prostor!
    Onyx Beige KK 33x33
    Onyx Silver KK 25x75
    Onyx Silver KK 33x33
    Oxford White 15,5x60,5
    Palazzo Grey 30x60
    Parga Brown 9458 60x60
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    • Производител
    Производители