Немате ставки во вашата кошничка.
Секое утро почнува, а денот се завршува во Вашата бања. Затоа е важно Вашата бања да биде уредена за да може да одговори на сите Ваши потреби и да го направи престојот и употребата пријатен и убав.
Добро испланирајте што Ви е се потребно и вклопете ги сите елементи на најдобар можен начин. Еве и помош за планирање на ВАШАТА НОВА БАЊА:
ПОДГОТОВКА
Пред да почнете со купување, потребно е да ги дефинирате димензиите на просторот и позициите на одводите и отворите. Ова е начин за да знаете да одговорите на прашањата на продавачите и да можете да знаете дали нешто физички ви се вклопува или не во просторот.Како предлог, прво измерете го просторот по должина и ширина, а потоа и скицирате го (посебно подот, а потоа секој ѕид посебно).
На таквиот нацрт треба да ги внесете измерените позиции и големини за одводот на подот (wc школка, славина итн.), за доводите и одводите на ѕидовите (доводот и одводот за машина за перење алишта, лавабо, славина за када или туш кабина) и отворите (за врата, прозорци, вентилација).
Следниот сегмент за подготовка го чини естетското дефинирање на просторот при што треба да ги одредите основните аспекти за: боја и дезен на плочки и мебелот за бања, одлука за тоа дали ви е потребна када или туш кабина, дали имате биде и дали сето тоа треба да биде во класичен или модерен дизајн. Класичниот дизајн го карактеризираат нежни бои, флорални и природни декори, заоблени контури, додека за модерниот се сметаат интензивните бои, принт (на дрво, камен, бетон и сл.), односно материјали со рамни контури.
Секако, ова не е конечен опис и затоа Ве советуваме да ја посетите нашата PINTEREST страна или на web порталот во делот со ИНСПИРАЦИИ како би можеле да се определите за насоките при изборот. И конечно, подготвивме само за Вас ВОДИЧ ЗА МОЈАТА БАЊА кој ќе Ви биде од помош при изборот.
КУПУВАЊЕ
Со посета на некој од нашите 7 малоподажни салони Вам ви се овозможува избор и стручна поддршка за да го направите најдобриот избор. Кога сте се подготвиле за купување, проверите кој салон Ви е најблиску и секако која е неговата големина. Поголемите салони овозможуваат поголем избор, но било кој да го одберете, секогаш можете во следниот чекот да го посетите и поголемиот.
Посебна поволност која ја имате во салоните на компанијата ЕНМОН е закажување на Ваш термин по e-mail на: marketing@enmongroup.com. Оставете ги Вашите контакт податоци и во кој салон сакате да купувате и кога и нашите колеги ќе ви се јават за да договорите термин дефиниран само за Ваша поддршка при купувањето.
За да може дополнително да се олесни процесот на купување, Ви подготвивме ЛИСТА ЗА КУПУВАЊЕ која може да Ви помогне да имате добар преглед и да го запишете својот избор.
Пријавете се за нашиот билтен
Повеќе за обработката на внесените податоци можете да видите на страницата Политика за приватностCopyright © 2024 ENMON.MKD. Сите права задржани.
Следете не